Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 2:13-22

Ефесјаните 2:13-22 MK2006

но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив, откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на запо­ве­дите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир, и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уништи непријателството во себе. И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски, зашто преку него и едните и дру­ги­те имаме пристап кај Отецот во еден Дух. И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство, зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос, врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господ; врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиште Божјо преку Духот.