во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата благодат. Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос. Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени според одлуката на Оној Кој врши сѐ според волјата Своја, за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос.
Прочитај Ефесјаните 1
Слушај Ефесјаните 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ефесјаните 1:7-12
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа