Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 10

10
1 # Гал 5,9 Мртвите муви го расипуваат и го усмрдуваат благопријатното масло на мироварец: истото го прави една мала глупост на уважуван човек за неговата мудрост и чест. 2#2,14Срцето на мудриот се наклонува кон десно, а срцето на глупавиот – кон лево. 3По каков и да било пат да оди глупавиот, кај него секогаш недостига ра­зум, и пред секого тој ќе се пока­жува дека е неразумен. 4#Изреки 15,4; 16,14Ако гневот на оној што владее избув­не врз тебе, не напуштај го мес­тото свое, зашто кроткоста спречува големи грешки. 5Има зло што сум го видел на земјата, како грешка што доаѓа од владетелот; 6#Изреки 19,10; 30,22неразумниот се поставува на голема височина, а богатите седат ниско. 7Сум видел слуги на коњи, а кнезови да одат пешки како слуги. 8#Пс 7,15; Изреки 26,27Кој копа јама, сам ќе падне во неа, и кој соборува ограда, змија ќе го касне. 9Кој крева камења, може да се ши­не, и кој цепи дрва, може да се изло­жи на опасност од нив. 10#Изреки 16,32Ако отапи секирата, и ако сечи­лото нејзино не биде наострено, ќе треба повеќе сила; мудроста знае тоа да го поправи. 11Ако змијата касне пред да биде убиена, тогаш каква е ползата за оној што ќе ја убие.
Не треба премногу да се зборува
12 # Изреки 10,32; 15,2 Зборовите од уста на мудрец се бла­годат, а устата на безумниот са­миот не­го го погубува: 13#Ис 32,6; Пс 14,1првите зборови од устата му се глупост, а крајот на речта на устата негова – лошо безумие. 14#3,22Глупавиот зборува многу, а човекот и не знае што ќе биде; та и кој ќе му каже, што ќе биде по него? 15Трудот на глупавиот го изморува, зашто не го знае дури ни патот за во градот. 16Тешко тебе, земјо, кога царот твој е дете, и кога кнезовите твои уште од рано се гоштеваат! 17#Ис 3,4.10; Изреки 31,4Блазе тебе, земјо, кога царот ти е од род благороден, и кнезовите твои јадат навреме, за поткрепа, а не за преситување! 18Од мрзливост ќе нависне таванот, и кога ќе се скрстат рацете, покривот ќе прокапе. 19#Суд 9,13; Пс 104,15Гоштевања се приредуваат заради наслада и виното го весели животот; а сѐ прави среброто. 20#7,21; 2 Мојс 22,27; Лк 12,2-3Дури и во мислите свои не навредувај го царот, и во спалната своја не го навредувај богатиот; зашто небес­ната птица може да го пренесе твојот збор, и сѐ што има крилја ќе го соопшти твојот збор.

Селектирано:

Проповедник 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се