Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 1

1
Животот е бесмислен
1 # 2,11.17; 11,8; Пс 62,9; Рим 8,20 Зборови на проповедникот, син Давидов, цар израелски. 2Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите – сѐ е суета! 3#2,20.22; 5,17; 9,9Каква е ползата за човекот од сите негови трудови, со кои се труди под сонцето? 4Род еден си заминува, и род друг доаѓа, а земјата останува засекогаш. 5Сонцето изгрева и заоѓа, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева. 6Ветрот вее кон југ и се врти кон се­вер, се врти, се врти во својот пат и пак ги почнува своите вртења во круг. 7Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се вра­ќаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат одново. 8Секоја работа бара труд: човекот не може сѐ да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша. 9#2,12; 3,15Она што било, пак ќе биде, и она што се правело, пак ќе се прави – нема ништо ново под сонцето. 10И ако за нешто се рече: „Види, ете, тоа е ново“; но тоа веќе било во текот на вековите, што биле пред нас. 11#2,16Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ќе биде подоцна нема да остане спомен кај оние што ќе дојдат.
Искуството на проповедникот
12 # 2,9 Јас, проповедник, бев цар над Изра­ел во Ерусалим; 13#3,10; 7,25; 8,16и го управив срцето свое да истра­жува и да испитува преку муд­роста сѐ, што станува под небото; таа тешка задача им ја даде Бог на синовите чо­вечки, за да се занимаваат со неа. 14#2,11.17.26Ги видов сите работи, што се вр­шат на земјата, и ете – сѐ е суета и мака за духот. 15#4,4.6.16; 6,9; 7,13Кривото не може да се исправи, и она, што го нема не може да се брои. 16#12,9; 1 Цар 3,12; 5,9-10; 10,1-13.23-24Си велев во срцето свое: „Еве, јас се воздигнав и се здобив со мудрост повеќе од сите, што беа пред мене над Еру­салим, и срцето мое виде многу мудрост и знаење.“ 17И го насочив срцето свое да ја по­знае мудроста, да ги познае безумието и глупоста; но разбрав дека и тоа е мачно за духот; 18зашто при големата мудрост голема е и тагата, и кој умножува знаење, умножува и мака.

Селектирано:

Проповедник 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност