Повторени закони 7
7
Израел – народ посветен на Господ
1 #
Дела 13,19
Кога Господ, твојот Бог, ќе те воведе во земјата, во која ти одиш, за да ја освоиш, и ќе ги изгони од пред тебе многубројните народи: Хитијците, Гергесејците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, – седум народи, што се побројни и посилни од вас. 2#2,34; Мт 5,43И кога ќе ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ти ќе ги разбиеш, – тогаш предај ги на проклетство: не прави со нив сојуз и немој да ги поштедуваш; 3и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој, 4#4,25-27зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови; тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господ и Тој ќе ве истреби. 5#12,3; 2 Мојс 34,13Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги, Ашерите нивни исечете ги и идолите нивни со оган изгорете ги; 6#14,2-21; 2 Мојс 19,5-6; Тит 2,14зашто ти си свет народ на Господ, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов сопствен народ меѓу сите народи, што се на земјата.
Верноста на Господ кон Својот завет
7Не затоа, што сте побројни од сите народи, ве прими Господ и ве избра, – бидејќи вие сте помалубројни од сите народи, – 8#4,37; 9,5туку затоа што Господ ве засака и ја одржи клетвата, со која Тој се беше заколнал на предците ваши; и ве изведе Господ со незапирлива сила, ве ослободи од домот на ропството, од раката на фараонот, египетскиот цар. 9#5,10И така, знај дека Господ, твојот Бог, е Бог верен, Кој го пази заветот и има милост кон оние што Го сакаат и ги извршуваат заповедите Негови до илјада поколенија; 10#24,16а оние, кои Го мразат, ги казнува и ги погубува; Тој не заборава да го казни токму оној, кој Го мрази. 11И така, пази ги овие заповеди, наредби и закони, што денес ти ги кажувам и да ги исполнуваш. 12И ако ги слушате сите овие закони и ги пазите и исполнувате, Господ, твојот Бог, ќе го пази заветот и милоста кон тебе, како што им се заколна Тој на вашите предци; 13#28,4ќе те засака, ќе те благослови, ќе те намножи и ќе го благослови плодот на твојата утроба, и плодот на твојата земја: пченицата твоја, и виното твое, и маслото твое, и стелните крави твои, и објагнетите овци твои, во онаа земја, за која Тој им се заколна на татковците твои дека ќе ти ја даде; 14благословен ќе бидеш повеќе од сите народи: нема да има ни бесплоден, ни бесплодна, како меѓу вас, така и меѓу добитокот твој; 15#4,34и ќе ја отстрани од тебе Господ, секоја немоќ, и никакви лути египетски болести, што ги знаеш, нема да испрати врз тебе, туку ќе ги испрати на сите што те мразат; 16#13,9; 19,13-21; 2 Мојс 23,24-33и ќе ги уништиш сите народи, што Господ, твојот Бог, ти ги дава: и да не бидат поштедени пред окото твое; и не служи им на боговите нивни, бидејќи тоа е јамка за тебе.
Господ – заштитник на Својот народ
17Ако кажеш во своето срце: „овие народи се побројни од мене, како можам да ги поразам?“ 18Не плаши се од нив; спомни си, што направи Господ, твојот Бог, со фараонот и со целиот Египет. 19#4,34Сети се за оние големи искушенија што ги видоа очите твои, на оние знаменија, и на големите чуда и на незапирливата сила, со која те изведе Господ, твојот Бог; тоа истото ќе го направи Господ, твојот Бог, и со сите народи, од кои се плашиш; 20#2 Мојс 23,28-30И стршели ќе испрати Господ, твојот Бог врз нив, додека не загинат оние што останале и оние што се сокриле пред тебе; 21не плаши се од нив, бидејќи Господ, твојот Бог, е со тебе; Бог голем и силен. 22#2 Мојс 23,29; Суд 2,20-23И Господ, твојот Бог, ќе ги прогонува од пред тебе тие народи малку по малку; ти не можеш брзо да ги истребиш, за да не се намножат против тебе дивите ѕверови; 23но ќе ти ги предава Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ќе ги уплаши и тие ќе загинат; 24и ќе ги предаде во твоите раце царевите нивни, и ти ќе го истребиш името нивно од под небото: никој нема да издржи пред тебе додека не ги истребиш. 25Ликовите на боговите нивни со оган изгорете ги; да не ти се присака да го земеш среброто или златото, што е на нив, за да не биде тоа за тебе јамка, бидејќи е тоа одвратност пред Господ, твојот Бог; 26#27,15; 3 Мојс 27,28и не ја внесувај гнасотијата во домот свој, за да не бидеш осуден на проклетство, како нив; одвраќај се од тоа и гнаси се од него, бидејќи тоа е проклетство.
Селектирано:
Повторени закони 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006