Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 4:21-25

Повторени закони 4:21-25 MK2006

И се разгневи Господ Бог на мене поради вас и се заколна дека нема да го минам Јордан и нема да влезам во онаа убава земја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство. Јас ќе умрам во оваа земја, и нема да го минам Јордан, додека вие ќе ми­нете и ќе ја заземете таа убава земја. Гледајте, да не го заборавите заветот на Господ, вашиот Бог, што Тој го склучи со вас, и да не си правите ни­какви идоли – образи на што и да било, како што ти заповеда Господ, твојот Бог; бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител. Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, ќе почнете да вршите беззаконија и направите каков-годе резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господ, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите.