Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 28:2-12

Повторени закони 28:2-12 MK2006

и ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог. Благословен ќе бидеш во градот и благословен во полето. Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, и плодот на земјата твоја, и плодот на добитокот твој, и плодот на воловите твои, и плодот на овците твои. Благословени ќе бидат кошниците твои и ноќвите твои. Благословен ќе бидеш, кога влегуваш, и благословен – кога излегуваш. Господ ќе ги порази пред тебе непријателите твои, кои се креваат против тебе; по еден пат ќе навлезат тие против тебе, а по седум патишта ќе избегаат од пред тебе. Господ ќе ти испрати благослови на твоите житници и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава. Господ, ќе те постави за Свој свет народ, како што ти се беше заколнал на тебе, ако ги извршуваш заповедите на Господ, твојот Бог, и одиш по патиш­тата Негови. И тогаш ќе видат сите народи на земјата дека името на Господ, ти е дадено на тебе, и ќе се уплашат од тебе. И Господ, ќе ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на добитокот твој и во плодот на нивите твои на земјата, за која Господ им се беше заколнал на твоите предци дека ќе ти ја даде. И Господ ќе ти го отвори доброто Свое сокровиште – небото, за да дава тоа на време дожд на земјата твоја и да ги благословува сите работи на рацете твои: и ќе им даваш на заем на многу народи, а ти самиот нема да земаш на заем.