Кога браќата живеат заедно, и едниот од нив умре без пород, жената на умрениот не смее да се омажи за надворешен човек, но деверот нејзин треба да влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа, и првородениот, што таа ќе го роди, да го носи името на умрениот брат, за да не се уништи името негово во Израел. Ако, пак, тој не посака да ја земе за жена снаата своја, тогаш снаата негова да отиде кај портата пред старешините и да каже: „Братот на мојот маж не сака да го подигне името на братот свој во Израел, не сака да се ожени со мене.“ И старешините на градот негов да го повикаат и да му зборуваат, и ако тој стане и каже: „Не сакам да ја земам“, тогаш снаата негова нека дојде при него пред очите на старешините, да собуе еден чевел од неговата нога, да го плукне в лице и да каже: „Така се постапува со човек, кој не го подига домот на братот свој“; и ќе му извадат име во Израел: „Дом на собуениот.“
Прочитај Повторени закони 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 25:5-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа