Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 5

5
Валтазаровата гозба
1 # 1 Цар 3,15 Царот Валтазар приреди голема гозба за илјада свои достоинственици и заедно со нив пиеше вино. 2#Езд 5,14Откако се напи од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и среб­рените садови, кои татко му Навухо­доносор ги беше зел од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови. 3Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од светилиштето на до­мот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, же­ните негови и конкубините негови. 4#Ис 40,19; Откр 9,20Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени. 5Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти све­тилникот на ѕидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше. 6#Ис 7,2; Ез 7,17; Јов 4,15Тогаш царот пребледе, мислите му се смутија, појасот на бедрата му олабави и колената негови почнаа да се удираат едно со друго. 7#Ест 8,15Извика царот силно за да доведат маѓесници, волшебници и гледачи: ца­рот проговори и им рече на мудреците вавилонски: „Оној што ќе го прочита тоа што е напишано и ми објасни што значи, ќе биде облечен во пурпур и околу вратот ќе му биде ставена златна веришка, а во царството мое ќе биде трет достоинственик.“ 8#2,10-12И влегоа сите мудреци цареви, но никој не можеше да го прочита напиша­ното и да му го објасни на царот зна­чењето негово. 9Царот Валтазар се разгневи многу и пребледе уште повеќе, а се смутија и достоинствениците негови. 10Царицата, пак, ги чу зборовите на царот и на достоинсвениците негови и влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече – „Царе, да си жив довека, да не те вознемируваат мислите твои и да не пребледува лицето твое. 11Во царството твое има човек, во кого е духот на Светиот Бог; во дено­вите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како управник над јасновидците, волшебниците и гледачите, 12бидејќи во него, во Даниел, кому царот му го промени името во Валта­зар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разјаснува тајни. Затоа нека го повикаат Даниел, и тој ќе го објасни значењето.“ 13Тогаш го воведоа Даниел кај царот, и царот проговори и му рече на Даниел: „Ти ли си Даниел, еден од заробените синови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја? 14Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и го­лема мудрост. 15Еве, ми ги доведоа мудреците и ма­ѓесниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат. 16За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разјаснуваш тајни; па така, ако можеш да го про­читаш она, што е напишано и ми објасниш што значи, ќе бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ќе има златна веришка, а во царството мое ќе бидеш трет достоинственик.“ 17Тогаш Даниел одговори и му рече на царот: „Даровите нека ти останат тебе, а почестите дај му ги на друг; а напишаното ќе му го прочитам на царот и значењето ќе му го објаснам. 18Царе, Севишниот Бог беше му да­рувал на татко ти Навуходоносор царство, величие, чест и слава. 19Пред величието што му го беше дал Тој, сите народи, племиња и јазици трепереа и се плашеа – кого сакаше го убиваше и кого сакаше – го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше. 20#4,30; Ис 14,13-15; Ер 13,18; Ез 31,10-11; Јов 40,12А кога срцето негово се возгордеа и духот негов се ожесточи во дрскост, тој беше симнат од царскиот престол и славата му беше одземена, 21#4,12-30; Ез 17,24а беше прогонет од луѓето и срцето негово заприлега на ѕверско, и живееше со дивите магариња; го хранеа со трева како вол, а телото негово се наквасуваше од небеската роса, сѐ додека не разбра дека над човечките царства владее Севишниот Бог и поставува над нив, кого сака. 22#2 Мојс 10,3А ти сине негов, Валтазаре, не покажа понизност, иако го знаеше сето тоа. 23#Ис 14,13; Ер 10,23; 48,26; 50,29; Авак 2,19; Езд 5,14; Откр 9,20Туку се подигна против Небесниот Господ и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостој­ници, твоите жени и конкубини пиевте од нив вино и ги славевте боговите среб­рени и златни, бакарни и железни, дрвени и камени, кои не гледаат, ни слушаат, ниту разбираат; а Бог, во чии раце е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави. 24Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо. 25А еве што е напишано: Мене, Мене, Текел, Парсин. 26#Ер 27,7А еве го значењето на зборовите: Мене – го изброи Бог царството твое и му стави крај; 27#Јов 6,2Текел – измерен си на кантар и се најде многу лесен; 28#Ис 13,17; Ер 27,7Парсин – царството ти е разделено и дадено им е на Мидијците и Персиј­ците.“ 29#2,48; 1 Мојс 41,42-43Тогаш по заповед на Валтазар го облекоа Даниел во пурпур и му ставија околу вратот златна веришка, па го прогласи за трет великодостојник во царството. 30#Ис 21,9; Ер 50,35Во истата ноќ Валтазар, царот халдејски, беше убиен.

Селектирано:

Даниел 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се