Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 4:29-34

Даниел 4:29-34 MK2006

И ќе те одвојат од луѓето, па ќе живееш со полските ѕверови; со трева ќе те хранат како вол и седум години ќе минат преку тебе сѐ додека не узнаеш дека Севишниот владее над човечките царства и дека ги дава кому сака Тој.“ Веднаш се исполни тој збор над Навуходоносор, и тој беше прогонет од луѓето, јадеше трева како вол и телото негово го наквасуваше росата небеска, така што влакната му израснаа како кај орел и ноктите му беа како канџи кај птиците. „Но, откако се изврши тоа во оние дни, јас, Навуходоносор, ги кренав очите кон небото и разумот се врати во мене, па Го благословив Севишниот, Го восфалив и Го прославив вечно Живи­от, чие владение е вечно и чие царство е од род во род. И сите што живеат на земјата ниш­то не значат; Тој дејствува според Својата волја како во небесната војска, така исто и меѓу живите на земјата и нема никој што би можел да се противи на раката Негова и да му рече: што правиш? Во тоа време разумот се поврати во мене и славата на моето царство ми се поврати со величината и поранешниот вид: тогаш ме побараа советниците мои, великодостоинствениците мои, и јас бев повторно издигнат на царствово свое, и величието мое уште повеќе се издигна. Сега јас, Навуходоносор, Му од­давам слава и Го величам Небесниот Цар, Чии сите дела се вистински и па­тиштата Негови праведни и Кој има моќ да ги понизни горделивите.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност