Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 3:14-22

Даниел 3:14-22 MK2006

Навуходоносор им рече: „Вие, Сед­рах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте? Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“ Одговорија Седрах, Мисах и Авде­наго и му рекоа на царот Навуходо­носор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа. Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави. Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме.“ Тогаш царот Навуходоносор се ис­полни со јарост и лицето негово се на­мурти против Седрах, Мисах и Авдена­го, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа; и им заповеда на најсилните луѓе од војската своја да ги врзат Седрах, Мисах и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка. Тогаш тие луѓе беа врзани обле­чени во своите облеки, со капи на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше. Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Даниел 3:14-22