Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 3:1-30

Даниел 3:1-30 MK2006

Царот Навуходоносор направи златен идол, висок шеесет лакти, шест лакти широк, и го постави во полето Дура, во областа вавилонска. И нареди царот Навуходоносор да се соберат сите локални управители, на­месници, војводи, врховни судии, ризни­чари, законодавци, судии и сите обласни управители да дојдат на свеченото от­кривање на идолот што го беше поста­вил царот Навуходоносор. И се собраа локалните управители, намесниците, воените началници, вр­ховните судии, ризничарите, правници­те, судиите и сите обласни управители за откривање на идолот кој царот Наву­хо­доносор го беше поставил, и застанаа пред идолот што го беше подигнал На­вуходоносор. Тогаш гласникот високо извика: „Ви се објавува вам народи, племиња и јазици – штом ќе го чуете звукот на трубата, од свирката, од цитрата, од харфата и од пеењето, како и од секакви свирки, паднете ничкум и поклонете му се на златниот идол што го постави царот Навуходоносор; а оној што нема да падне на колена и не се поклони, веднаш ќе биде фрлен во вжарена печка.“ Затоа, кога го чуја звукот од трубата, од свирката, од харфата и од другите свирки, паднаа на колена сите народи, племиња и јазици и му се поклонија на златниот идол што го беше поставил царот Навуходоносор. Во тоа исто време дојдоа некои од Халдејците и ги наклеветија Јудејците. Тие му рекоа на царот Навухо­доносор: „Царе, жив да си довека! Ти царе, даде заповед секој човек што ќе го чуе гласот од трубата, свир­ката, цитрата, харфата и од сите свирки да падне на колена и да му се поклони на златниот идол; а оној што нема да падне и нема да му се поклони, тој треба да биде фрлен во вжарена печка. Но има луѓе Јудејци што си ги поставил над работите на земјата ва­вилонска – Седрах, Мисах и Авденаго; тие луѓе не се покорија на твојата запо­вед, царе, на твоите богови не им слу­жат и на златниот идол што го постави не му се поклонија.“ Тогаш царот Навуходоносор во гнев и јарост заповеда да ги доведат Седрах, Мисах и Авденаго; и ги доведоа тие луѓе пред царот. Навуходоносор им рече: „Вие, Сед­рах, Мисах и Авденаго, умислено ли не им служите на моите богови, и на златниот идол, што го поставив, не му се поклонивте? Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, харфата, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете му се на идолот што го направив јас; ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?“ Одговорија Седрах, Мисах и Авде­наго и му рекоа на царот Навуходо­носор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа. Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нѐ спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нѐ избави. Ако пак и не се случи тоа, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил, нема да му се поклониме.“ Тогаш царот Навуходоносор се ис­полни со јарост и лицето негово се на­мурти против Седрах, Мисах и Авдена­го, па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа; и им заповеда на најсилните луѓе од војската своја да ги врзат Седрах, Мисах и Авденаго и да ги фрлат во вжарената печка. Тогаш тие луѓе беа врзани обле­чени во своите облеки, со капи на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше. Бидејќи царската заповед беше строга, и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго. А тројцата – Седрах, Мисах и Авде­наго – паднаа во вжарената печка врзани. Одеднаш, царот Навуходоносор се стаписа, се крена на нозе и им рече на големците свои: „Нели беа тројца врзани што ги фрливме во огнот?“ Тие му одговорија на царот: „Навистина та­ка беше, царе!“ На тоа тој рече: „Еве јас гледам четворица, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и четвртиот личи на ангел.“ Тогаш Навуходоносор се приближи до отворот на распалената печка со оган и рече: „Седраху, Мисаху и Авде­наго, слуги на севишниот Бог, излезете и дојдете.“ Тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегоа од огнот, и штом се собраа локалните упра­вители, намесниците, воените началници и советниците на царот, видоа дека огнот немал никаква сила врз телата на тие луѓе, дури и косата на главата не им беше опржена, а и облеките нивни не им беа изгорени, па дури и мирис на изгорено немаше на нив. Тогаш Навуходоносор рече: „Нека е благословен Бог на Седрах, Мисах и Авденаго, Кој го испрати Својот ангел и ги избави слугите Свои што се надеваа на Него и не ја послушаа царската заповед, па ги предадоа телата свои на огнот за да не служат и да не се поклонат на друг бог, освен на својот Бог! И еве, јас давам заповед, ако некој од народите, племињата и јазиците изговори хула против Бога на Седрах, Мисах и Авденаго, да се исече на пар­чиња и куќата да му се претвори во урнатини, зашто нема друг Бог, Кој може така да избавува.“ Тогаш царот ги возвиси Седрах, Мисах и Авденаго во земјата вавилон­ска.