Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 2:25-30

Даниел 2:25-30 MK2006

Тогаш Ариох веднаш го одведе Даниел кај царот и му рече: „Меѓу заробените синови на Јуда најдов човек кој може да му открие на царот што значи сонот.“ Царот му рече на Даниел, кој беше преименуван во Валтазар: „Можеш ли да ми го кажеш сонот што го видов и што значи тој?“ Даниел му одговори на царот и рече: „Тајната за која царот прашува не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни маѓесниците, ни јасновидците, ни гледачите. Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Тој ќе му открие на царот Навуходоносор сѐ што ќе се збидне во последните денови. Ти царе, на леглото свое размислуваше за она што ќе се случи во иднина, и Оној Кој открива тајни, ти покажа што ќе се случи. А мене таа тајна ми се откри не затоа што сум помудар од сите живи, туку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги разбереш мислите што ти дојдоа во срцето.