Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 2:1-7

Колосјаните 2:1-7 MK2006

Сакам да знаете во каква голема борба сум заради вас и заради оние што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои не ме видоа лично. Нека се охрабрат срцата нивни та, соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христос, во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето. А ова ви го велам за да не ве измами некој со лукави зборови; зашто, макар и да сум отсутен со те­лото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос. Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него, вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте на­учени, изобилувајќи во неа со благодарност.