Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 1:10-17

Колосјаните 1:10-17 MK2006

та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога, укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост, благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината, нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син, во Кого имаме откуп; и простува­ње на гревовите. Тој е слика на невидливиот Бог, пр­вороден пред секое создание; бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Колосјаните 1:10-17