Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 9:36-42

Дела 9:36-42 MK2006

Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше. И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја. А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците штом слушнаа дека е Пе­тар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу. Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, плачеј­ќи и покажувајќи му ги ризите и обле­ките што ги беше правела Срна додека живееше со нив. Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ И таа ги отвори очите свои, го погледна Петар и седна. А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива. И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господ.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност