Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 9:26-31

Дела 9:26-31 MK2006

А кога пристигнаа во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од не­го, бидејќи не веруваа дека тој навистина е ученик. Варнава, пак, го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господа, дека Гос­под му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено го проповедал името на Исус. И оттогаш тој остана со нив, влегуваше и излегуваше во Ерусалим, и сме­ло говореше во името на Господ. А зборуваше и се препираше исто така и со елинизираните Јудејци, кои се обидуваа да го убијат. Штом разбраа за тоа браќата, го од­ведоа во Кесарија, од каде го испратија во Тарс. А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во страхопочит кон Господ, и растеше со утехата на Светиот Дух.