и веднаш почна да проповеда во синагогите за Исус дека е Тој Син Божји. И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Ерусалим ги гонеше оние што го повикуваа тоа Име, та затоа и овде дошол за да ги доведе врзани пред првосвештениците?“ А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Дамаск, докажувајќи им дека Овој е Христос. Кога помина многу време, Јудејците се договорија да го убијат. Но Савле дозна за нивниот заговор. Тие, пак, дење и ноќе го чекаа на портата за да го убијат. Затоа учениците го зедоа ноќе и в кошница го спуштија по ѕидот.
Прочитај Дела 9
Слушај Дела 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 9:20-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа