Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Господ му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме Господи!“ Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот Јудин побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој сега се моли.“ И во видение виде еден човек, по име Ананија, како му пријдува и полага раце над него, за да може да прогледа. А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Ерусалим; а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат името Твое.“ Но Господ му рече: „Оди, зашто тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израелови. И Јас ќе му покажам колку треба тој да пострада заради името Мое.“ А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи рацете свои над него, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.“ И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и кога стана, се крсти. А откако прими храна, Савле закрепна. Потоа неколку дена преседе со учениците во Дамаск
Прочитај Дела 9
Слушај Дела 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 9:10-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа