Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 8:29-35

Дела 8:29-35 MK2006

Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“ Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него. А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори. Во неговата понизност Тој беше ли­шен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“ Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му бла­го­вес­ти за Исус.