Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 8:26-40

Дела 8:26-40 MK2006

А на Филип му рече ангел Гос­по­дов: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, кој е пуст.“ Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, висок достоинстве­ник на Кандакија, етиопската царица, кој беше чувар на сите нејзини ризници. Тој дошол во Ерусалим на поклонение, а сега се враќаше и, седејќи в кола, го читаше пророкот Исаија. Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“ Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него. А местото од Писмото што го читаше, беше ова: „Како овца на клање беше одведен, и како што јагнето стои безгласно пред својот стригач, така и Тој устата Своја не ја отвори. Во неговата понизност Тој беше ли­шен од праведен суд. А поколението Негово кој ќе го искаже? Зашто животот Негов се одзема од земјата.“ Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ А тогаш, Филип ја отвори устата своја, започнувајќи да му објаснува од тоа место во Писмото и да му бла­го­вес­ти за Исус. И одејќи така патем, тие стигнаа до една вода; и Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ (А Филип му рече: „Ако веруваш од сѐ срце – можеш.“ Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Син Божји.“) И заповеда колата да запре, па слегоа во водата обајцата, и Филип и ев­ну­хот, и го крсти. А кога излегоа од водата, Духот Свети се симна над евнухот, а Филип беше грабнат од ангел Господов, па ев­нухот веќе не го виде. Тој радосно го продолжи својот пат. Филип се најде во Азот, од каде што тргна во обиколка, проповедајќи го Евангелието по сите градови, додека не стигна во Кесарија.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност