А на Филип му рече ангел Господов: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, кој е пуст.“ Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, висок достоинственик на Кандакија, етиопската царица, кој беше чувар на сите нејзини ризници. Тој дошол во Ерусалим на поклонение, а сега се враќаше и, седејќи в кола, го читаше пророкот Исаија. Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“ Филип побрза, и, откако чу дека тој го чита пророк Исаија, му рече: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“ Овој одговори: „Како ќе можам да го разберам, ако некој не ме упати?“ Па го замоли Филип да се качи и да седне до него.
Прочитај Дела 8
Слушај Дела 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 8:26-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа