Савле, пак, го одобруваше неговото убиство. Во тој ден започна голем прогон на Црквата во Ерусалим, и сите, освен апостолите, се распрснаа по пределите на Јудеја и Самарија. А Стефан го погребаа побожни луѓе и приредија голема посмртна жалост. Савле, пак, ја пустошеше Црквата, одеше по куќите и извлекуваше мажи и жени, па ги предаваше во затвор. Тие што се беа распрснале, сега одеа наоколу благовестувајќи го словото. Така Филип слезе во еден самарјански град и таму им Го проповедаше Христос. Народот еднодушно внимаваше на тоа што зборуваше Филип, слушајќи и гледајќи ги чудата што ги правеше тој; зашто нечисти духови со голем вик излегуваа од оние во кои се наоѓаа, и мнозина неподвижни и сакати оздравуваа. И голема радост настана во тој град. А во градот имаше еден човек по име Симон. Тој правеше магии и со тоа го вчудовидуваше народот од Самарија, велејќи за себе дека е тој голем човек. Него го слушаа сите, од најмал до најголем, и велеа: „Овој е силата Божја, наречена Голема.“ А го слушаа внимателно, затоа што подолго време ги беше восхитувал со своите магии. Но кога му поверуваа на Филип, кој го проповедаше Евангелието за царството Божјо и за името на Исус Христос, почнаа да се крштаваат мажи и жени. Тогаш поверува и самиот Симон, и откако се крсти, постојано го придружуваше Филип; и, гледајќи дела големи и чудеса што се вршеа, се восхитуваше.
Прочитај Дела 8
Слушај Дела 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 8:1-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа