Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 7:51-60

Дела 7:51-60 MK2006

Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие. Кого од пророците не го гонеа ва­шите татковци? Тие ги убија оние што го предвестија доаѓањето на Правед­ни­кот, чии предавници и убијци станавте сега и вие, вие, што го примивте Законот преку ангелите, а не го одржавте.“ Кога го слушаа ова, срцата им се исполнија со гнев и со забите крцкаа против него. А Стефан, исполнет со Дух Свети, кога погледна кон небото, ја виде славата Божја и Исус како стои од десната страна на Бога, и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бога.“ Но тие извикаа со висок глас, ги затворија ушите свои и еднодушно се нафрлија на него. И откако го изведоа надвор од градот, почнаа на него да фрлаат камења: а сведоците ги оставија алиштата свои пред нозете на едно момче, по име Савле. И додека фрлаа камења врз Стефан, тој повикуваше и велеше: „Господи Исусе, прими го духот мој!“ Потоа падна на колена, и извика со висок глас: „Господи, не примај им го ова за грев!“ И штом го рече тоа, почина.