Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 7:35-40

Дела 7:35-40 MK2006

Тој, Мојсеј, кого го беа одбиле, ве­лејќи: ‚Кој те поставил за началник и судија‘, него Бог преку ангелот, кој му се јави во капината, го прати за на­чал­ник и избавител. Тој ги изведе, правејќи чудеса и зна­ци во земјата египетска и во Црвеното Море и во пустината во тек на чети­ри­есет години. Тоа е оној Мојсеј што беше им ре­кол на синовите Израелови: ‚Господ, Бог ваш, меѓу браќата ваши ќе ви из­дигне Пророк како мене‘. Тоа е оној што на собирот во пустината на Планината Синајска беше со ангелот кој му зборуваше, и со тат­ков­ците наши; оној што прими животворни зборови нам да ни ги предаде, и кому нашите татковци не сакаа да му се покорат, туку го отфрлија со ср­цата свои и се свртеа кон Египет, велејќи му на Арон: ‚Направи ни богови што ќе одат пред нас; зашто не знаеме што му стана на оној Мојсеј кој нѐ изведе од египетската земја.‘