Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 5:27-42

Дела 5:27-42 MK2006

А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече: „Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“ А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето. Бог на татковците наши Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст. Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израел. За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“ Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и мислеа да ги убијат. Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор, а ним им рече: „Луѓе Израелци, раз­мислете добро што ќе правите со овие луѓе! Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија че­тиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа. По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по се­бе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија. И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши; а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не ста­нете борци против Бога!“ Тие го по­слу­шаа, и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија. А тие излегоа од Синедрионот ра­досни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус. И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да бла­го­вес­тат дека Исус е Христос.