Тој, кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, запроси милостина и од нив. А Петар, заедно со Јован, го впери кон него погледот и му рече: „Погледни во нас!“ И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив. Но Петар рече: „Сребро и злато јас немам, а што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет стани и оди!“ И само што го фати за десната рака, го исправи, а нему веднаш му се зацврснаа стапалата и глуждовите; па скокна, се исправи и почна да оди. Тогаш влезе во храмот заедно со нив скокајќи и фалејќи Го Бога. И сиот народ го гледаше како оди и како Го слави Бога. Луѓето го познаа дека тој беше оној истиот што седеше пред портата на храмот наречена Красна, поради милостина; и беа полни со восхит и вчудоневиденост за она што се случи.
Прочитај Дела 3
Слушај Дела 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 3:3-10
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа