Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 3:1-8

Дела 3:1-8 MK2006

Еден ден Петар и Јован заедно о­тидоа во храмот во деветтиот час, часот за молитва. Таму имаше еден човек, сакат уште од раѓање. Него го носеа секој ден и го поставуваа пред портата на храмот наречена Красна, за да проси милостина од оние што влегуваа во храмот. Тој, кога ги здогледа Петар и Јован кои сакаа да влезат во храмот, запроси милостина и од нив. А Петар, заедно со Јован, го впери кон него погледот и му рече: „Погледни во нас!“ И тој ги гледаше внимателно, очекувајќи да добие нешто од нив. Но Петар рече: „Сребро и злато јас немам, а што имам, тоа ти давам: во името на Исус Христос од Назарет стани и оди!“ И само што го фати за десната рака, го исправи, а нему веднаш му се зац­врс­наа стапалата и глуждовите; па скокна, се исправи и почна да оди. Тогаш влезе во храмот заедно со нив скокајќи и фалејќи Го Бога.