Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 27:1-44

Дела 27:1-44 MK2006

Кога беше одлучено да отпло­виме за Италија, Павле и неколку други затвореници ги предадоа на еден стотник, по име Јулиј, од царската чета. Се качивме на една адрамитски ко­раб, кој требаше да плови покрај азис­ките места, и така отпловивме. Со нас беше Аристарх, Македонец од Солун. На другиот ден стигнавме во Сидон. И Јулиј, кој постапуваше со Павле чо­векољубиво, му дозволи да појде до пријателите свои, за да се погрижат за него. Кога тргнавме оттаму, пловевме во заветрината на Кипар, бидејќи ветровите дуваа спротивно, и, откако го препловивме морето по­крај Киликија и Памфилија, стигнавме до Мира Ликиска. Таму стотникот најде еден александриски кораб, кој пловеше за Италија, и нѐ префрлија во него. И пловејќи полека многу дни, одвај стигнавме до Крит. Бидејќи ветрот нѐ спречуваше да влеземе таму, допловивме под Крит покрај Салмона. И, откако со мака пловевме покрај неа, стигнавме до едно место, наречено Добри Пристаништа, близу кое се на­оѓаше градот Ласеја. Откако мина многу време и пло­ве­њето стана веќе многу поопасно, а и постот беше веќе минал, Павле ги опо­мена и им рече: „Гледам, луѓе, дека пловењето ќе биде мачно и со голема штета не само за товарот на коработ, туку и за животите наши.“ Но стотникот повеќе му веруваше на кормиларот и сопственикот на бро­дот отколку на зборовите Павлови. А бидејќи пристаништето не беше погодно за презимување, многумина изјавија дека сакаат оттаму да отпловат, ако е можно, до Феникс, критското пристаниште, кое се наоѓа спроти југо­западниот и северозападниот ветар, и таму да презимуваат. А кога дувна југот, тие помислија дека можат да ја остварат својата цел, ја кренаа котвата и запловија покрај Крит. Но наскоро против нив се дигна бурниот ветар, наречен Евракилон. И штом го зграби коработ, бидејќи не можеше да му се противстави на вет­рот, ние им се препуштивме на брано­вите да нѐ носат. Минувајќи покрај едно островче, кое се вика Кавда, одвај можевме да го задржиме коработ. Кога го извлекоа, употребија се­как­ви средства и го врзаа коработ одоздо­ла; бидејќи се плашеа да не се насукаат на Сиртите, ги спуштија едрата и така бевме носени од струјата. На другиот ден, бидејќи бевме сил­но фрлани од бурата, почнаа да го ис­фр­луваат товарот, а на третиот ден сами со рацете свои ја исфрлаа опремата на коработ. Но, бидејќи во текот на многу дни не се појави ни сонце, ни ѕвезда, а бес­нееше и прилично голема бура, понатаму исчезнуваше секаква надеж дека ќе се спасиме. И бидејќи веќе долго време не беа јадени, Павле застана сред нив и рече: „Луѓе, браќа, требаше да ме послушате и да не тргаме од Крит, и ќе ги избег­нев­ме овие маки и штети. А сега ви советувам да бидете бод­ри, зашто ниедна душа од вас нема да загине, освен коработ. Бидејќи ноќеска ми се јави ангелот од Бога, Чиј сум и Кому Му служам, и рече: ‚Не плаши се, Павле, ти тре­ба да излезеш пред царот; и ете, Господ ти ги дарува сите, што пловат со тебе.‘ Затоа, браќа, не плашете се, зашто Му верувам на Бога дека ќе се случи така, како што ми беше речено. Но, треба да бидеме исфрлени на еден остров.“ Беше веќе четиринаесетта ноќ, от­како бевме носени наваму-натаму по Јадранското Море, кога кон полноќ морнарите насетија дека се при­бли­жу­ваат до некакво копно, и, кога ја измерија длабочината, от­крија дека изнесува дваесет фати; па отидоа малку потаму, измерија пак и најдоа петнаесет фати. И бидејќи се плашеа да не удрат на карпести места, од страната на кор­ми­лото спуштија четири котви, па чекаа да осамне. А кога морнарите намислија да по­бегнат од коработ, и спуштија чун во морето како да ќе спуштаат котви од предната страна, Павле му рече на стотникот и на војниците: „Ако овие не останат на ко­работ, вие не можете да се спасите.“ Тогаш војниците ги пресекоа ја­жи­њата на чунот и го оставија да падне до­лу. И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е чети­ринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо. Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“ Штом го рече тоа, зеде леб, Му бла­годари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде. Тогаш се ободрија сите и зедоа хра­на; а во коработ нѐ имаше вкупно двесте седумдесет и шест души. И кога се поткрепија, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлувајќи го житото в море. Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песок, на кој решија, ако им појде од рака, да го извлечат коработ. И дигајќи ги котвите, се заплови по морето; а покрај другото ги разлабавија и врските на кормилата, го развија ма­лото едро спрема ветрецот што дуваше, та пловеа кон брегот. Но удирајќи на еден гребен, прамецот на коработ се заби и веќе не се по­мрдна, а задниот дел од коработ се раз­биваше од силата на брановите. Војниците, пак, помислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне. Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и за­по­веда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат, а другите – кој на штица, кој на штогоде од коработ. И така излегоа си­те живи и здрави на земја.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност