Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 21:1-36

Дела 21:1-36 MK2006

И штотуку се одделивме од нив отпловивме. Пловејќи стигнавме право во Кос, а на вториот ден во Родос, и оттаму во Патара. Таму откако најдовме кораб, кој за­минуваше за Феникија, се качивме и от­пловивме. Штом го наѕревме Кипар и го оста­вив­­ме одлево, запловивме кон Си­рија. Се симнавме во Тир, зашто таму тре­ба­ше коработ да се растовари. И кога ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павле да не влегува во Ерусалим. А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме. И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома. А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив оста­навме еден ден. Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Ке­са­рија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него. Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа. Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав; и кога дојде кај нас, го зеде Павло­виот појас, па ги врза рацете свои и но­зете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на нез­набошците.“ Штом го чувме тоа, и ние и та­мош­ните го молевме да не се качува во Еру­салим. Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“ А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде волјата Господова!“ Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Еру­салим. Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој си Мнасон, од Кипар, ученик од самиот почеток. Кај него требаше да престојуваме на гости. Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост. На вториот ден Павле влезе со нас кај Јаков; дојдоа и сите старешини. И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба. А тие, кога слушнаа, Го славеа Бога и му рекоа: „Гледаш, брате, колку де­се­тици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие станаа ревносни приврзаници на За­конот. А за тебе многу им е зборувано де­ка ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мој­сеј, велејќи им да не ги обрезуваат чеда­та свои, и да не постапуваат по оби­ча­ите. И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол. Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под за­вет. Земи ги, очисти се со нив и плати им да си ги истрижат главите, и сите да разберат дека она што го слушнале за тебе, не е ништо, туку дека и ти сам жи­вееш според Законот и го пазиш. А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не па­зат ништо такво, туку само да се воз­др­жу­ваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.“ Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и, откако се очисти со нив, на вториот ден влезе во храмот и го објави денот, во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој ќе се принесе жртва за секого од нив. А кога требаше да се свршат се­дум­те дена, азиските Јудејци, штом го ви­доа во храмот го побунија целиот народ и ставија раце на него, викајќи: „Луѓе Израелци, по­мог­не­те! Овој човек насекаде учи против на­родот, против Законот, против ова мес­то; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето мес­то.“ Бидејќи пред тоа во градот го беа виделе со ефесјанецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот. Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена. И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на четата дека цел Ерусалим се побунил. А тој веднаш зеде војници и офице­ри и се спушти кон нив; тие, кога ги ви­доа заповедникот и војниците, прес­та­наа да го тепаат Павле. Тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да го врзат со двојни ланци, па праша: кој е тој и што напра­вил? Од народот едни викаа едно, други – друго. А тој не можејќи да ја дознае вистината поради силната врева, запо­веда да го одведат во тврдината. А кога стигнаа до скалите, војни­ци­те требаше да го носат, поради насилие­то од народот; бидејќи многу народ ги следеше и викаше: „Погуби го!“