Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 2:40-47

Дела 2:40-47 MK2006

И со многу други зборови све­до­че­ше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“ И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се при­соединија во тој ден околу три илјади души. И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во пре­кршувањето на лебот и во молитвите. И страв ја обзеде секоја душа, заш­то многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите. А сите што веруваа, беа заедно и сѐ им беше заедничко; продаваа имоти и сопствености и на секого му раздаваа колку што му беше потребно. И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по ку­ќи­те, се хранеа со радост и со чисто срце. Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.