Утредента, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар околу шестиот час се качи на рамниот покрив од куќата да се помоли. И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес, и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на некое големо платниште, врзано за четирите краишта, и се спушташе на земјата. Во него имаше секакви четириножни животни, ѕверови, влекачи земни и птици небески. И дојде глас кон него: „Петре, стани, заколи и јади!“ А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“ И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сметај за нечисто!“ Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото.
Прочитај Дела 10
Слушај Дела 10
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 10:9-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа