Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 10:1-48

Дела 10:1-48 MK2006

Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од таканаречената Италска чета. Тој беше благочестив и богобојазлив човек, заедно со целиот негов дом; изобилно му даваше милостина на народот и секогаш Му се молеше на Бога. Еднаш околу деветтиот час од де­нот, тој виде најаве ангел Божји, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“ А тој го впери погледот во него и си­от уплашен рече: „Што е Господи?“ Тој му рече: „Бог си спомна за молитвите твои и милостините твои. И сега, прати луѓе во Јопија и по­викај го Симон, кого го викаат Петар. Тој престојува таму како гостин кај некој си кожар Симон, чија куќа се на­оѓа покрај морето.“ Кога си отиде ангелот што му зборуваше, Корнилиј повика двајца од своите слуги и еден благочестив војник, кои постојано се наоѓаа кај него; па, откако им кажа сѐ, ги прати во Јопија. Утредента, додека тие патуваа и на­ближуваа до градот, Петар околу шес­тиот час се качи на рамниот пок­рив од куќата да се помоли. И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес, и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на не­кое големо платниште, врзано за че­ти­рите краишта, и се спушташе на земјата. Во него имаше секакви четиринож­ни животни, ѕверови, влекачи земни и птици небески. И дојде глас кон него: „Петре, ста­ни, заколи и јади!“ А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“ И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сме­тај за нечисто!“ Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото. И додека Петар беше во недоумица што значи тоа видение што го виде, ете ги луѓето, испратени од Корнилиј, кои откако се распрашаа и го најдоа домот на Симон, застанаа пред портата. Тогаш повикаа и прашаа: „Овде ли гостува Симон, наречен Петар?“ И додека Петар размислуваше за видението, Духот му рече: „Ете, те ба­раат тројца луѓе. Туку стани, слези и оди со нив, не размислувајќи ништо; зашто Јас ги пратив!“ Штом слезе кај луѓето, испратени од Корнилиј кај него, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дош­ле?“ А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, човек праведен и богобојаз­лив, познат по своите добрини меѓу си­от јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да ги послуша твоите зборови.“ Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. А утрината стана и отиде со нив; со него заминаа и некои браќа од Јопија. Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, по­ви­кувајќи ги своите роднини и блиски пријатели. Додека Петар влегуваше, Корнилиј му дотрча во пресрет, падна пред нозете негови и му се поклони. А Петар го подигна и му рече: „Стани, и јас сум само човек.“ И така разговарајќи со него, влезе внатре, каде што најде мнозина соб­рани. И им рече: „Вие знаете дека на чо­век Јудеец му е забрането да се дружи или да оди кај човек од друг род. Но ме­не Бог ми покажа ниеден човек да не го нарекувам поган или нечист. Затоа, кога бев поканет, дојдов без двоумење. Сега ве прашувам, зошто ме повикавте?“ И Корнилиј одговори: „Пред че­ти­ри дена, сѐ до овој час постев, а во де­веттиот час се молев во својот дом. Одеднаш, пред мене застана човек во светла облека, и ми рече: ‚Корнилиј, твојата мо­литва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна. Затоа прати некого во Јопија и по­викај го Симон, наречен Петар; тој сега престојува на гости кај Симон Ко­жа­рот, покрај морето.‘ Затоа јас веднаш пратив луѓе по те­бе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е од Бога за­по­ве­дано.“ Тогаш Петар ја отвори устата и ре­че: „Навистина сфаќам дека Бог не гле­да на лице; туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно. Тој им го прати на синовите Из­ра­елови словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. Вие знаете за сето она што се слу­чуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го про­поведаше Јован: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој оде­ше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. И ние сме сведоци за сѐ што на­пра­ви Тој во земјата Јудејска и во Еру­са­лим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадев­ме и пиевме со Него по Неговото вос­креснување од мртвите. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите. Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Него­во­то име.“ Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото. А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците, зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече: „Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?“ И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив неколку де­на.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност