Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 1:3-12

2 Солуњаните 1:3-12 MK2006

Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува, така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате: тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа, а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила, во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат каз­не­ти далеку од лицето на Господ и од сла­вата на Неговата моќ, кога ќе дојде Тој за да биде прос­ла­вен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­ве­руваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво. Затоа и се молиме секогаш за вас да ве удостои нашиот Бог за звањето и да ја исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата, та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господ Исус Христос.