Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 6:1-7

2 Самоилова 6:1-7 MK2006

Давид пак собра избрани луѓе од Израел, триесет илјади. Па стана и тргна Давид и сиот народ што беше со него, од Ваал Ју­дин за да го пренесе оттаму Божјиот ковчег, над кој се повикува името на Господ Саваот, Кој седи на херувими. И го поставија Божјиот ковчег на нова кола и го изнесоа од Авинадаво­вата куќа, која беше на ридот. А синовите Авинадавови Оза и Ахио ја водеа новата кола. Ја поведоа со Божјиот ковчег од Авинадавовата куќа, која беше на ридот; и Ахио одеше пред ковчегот Господов. А Давид и сите синови Израелови свиреа пред Господ на различни свирки од кипарисово дрво, на гусли, на псал­тири, на тимпани, на цитри и на кимвали. И кога дојдоа до Нахоновото гумно, Оза посегна со раката кон Божјиот ков­чег и се фати за него, бидејќи воловите го беа наведнале. Но Господ се разгневи на Оза, и за дрскоста Бог го удри на истото место, и тој умре таму крај Божјиот ковчег.