2 Самоилова 23
23
Последните Давидови пораки
1 #
7,8-9; 1 Сам 16,12-13; Пс 78,70; 89,20-38 Еве ги последните Давидови зборови: „Слово на Јишаевиот син Давид, беседа на мажот, кој е високо поставен, на помазаникот на Бога Јаковов и на слаткопевецот Израелов: 2#2 Птр 1,21‚Духот Господов говори преку мене, и словото Негово е на јазикот мој. 3#22,2.32; Пс 78,35#2 Лет 19,7Рече Бог Израелов, карпата Израелова ми говори: Оној што господари со луѓето, нека биде праведен, да господари со страхопочит кон Бога. 4#Суд 5,31; Изреки 4,18И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно небо, од греењето по дожд израснува од земјата трева, 5#7,16; Ис 55,3; Пс; 132,11-12така е и со мојот дом во Бога. Зашто Тој направи со мене завет вечен, цврст и неизменлив. Така излегува од Него сето мое спасение и сета моја желба. 6А нечестивите ќе бидат како исфрлено трње, кое не се фаќа со рака; 7но кој сака да се допре до него, се вооружува со железо или со дрво од копје, и на местото во оган го изгорува.‘“
Давидовите воини
8Еве ги имињата на јунаците Давидови: Тахкемониецот Јошев-Башевет, главен меѓу тројцата: тој го крена копјето свое против осумстотини души и ги порази наеднаш. 9По него беше Елеазар, син од братот на татко му, еден од тројцата јунаци што беа со Давид и кои со префрлувања ги предизвикуваа Филистејците, кога тие се беа собрале да војуваат. 10Израелците излегоа против нив, и тој застана и ги поразуваше Филистејците дотаму, додека му се измори раката и се прилепи до мечот. И во тој ден Господ даде голема победа, и народот тргна по него, само за да ги собира убиените. 11По него – Шама, син на Агеј од Харар. Кога Филистејците се собраа на едно место, каде што имаше нива засеана со леќа, народот избега од Филистејците, 12но тој застана среде нивата и ја заштити и ги порази Филистејците. И тогаш Господ даде голема победа. 13#5,17-18; 1 Сам 22,1Тие тројца главни меѓу триесетте војводи тргнаа и на почетокот на жетвата влегоа кај Давид во Адуламската пештера, додека филистејските војници логоруваа во Рефаимската Долина. 14Тогаш Давид беше во укрепено место, а филистејската војска во Витлеем. 15Давид побара да пие и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот кладенец што е покрај портите?“ 16Тогаш тие тројцата јунаци се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од витлеемскиот кладенец што е при портите, и зедоа, па му донесоа на Давид. Но тој не сакаше да ја пие, туку ја излеа во слава на Господ, 17и рече: „Да ме чува Господ да го направам тоа! Не е ли тоа крв на луѓето што одеа, со опасност по животот свој?“ И не сакаше да пие. Ете што извршија тие тројца јунаци! 18#10,10.14; 21,17А Авеса, братот на Јоав, а син на Саруја беше началник меѓу тројцата; тој уби со копјето свое триста души и се прослави меѓу тие тројца. 19Меѓу тројцата тој беше многу истакнат и им стана началник, но на оние тројца не им беше рамен. 20#8,18; 20,23; 1 Лет 27,5Ванеја, син на храбриот маж Јодај, од Кавцеел, голем по делата, ги порази двајцата синови на Ариил моавски; тој истиот слезе во еден ров и уби лав по снежно време; 21тој уби и еден Египќанец, виден човек; Египќанецот имаше во раката копје, а тој излезе против него со стап и го грабна копјето од раката на Египќанецот и го уби со неговото копје, 22ете, тоа го изврши Јехојадаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тројцата јунаци; 23тој беше повиден од триесетте, но на оние тројца не им беше рамен. И Давид го постави за најблизок извршител на заповедите свои. 24#2,18; 1 Лет 27,7-8.10Еве ги имињата на јунаците при царот Давид: Асаил, братот на Јоав – во бројот на триесетте; Елханан, синот на Додо, од Витлеем, 25Шама од Харод, Елика од Харод, 26Хелец од Пелет, Ира, синот на Икеш од Текоа, 27#21,18Авиезер од Анатот, Мевунај од Хуша, 28#23,9Селмон од Ахох, Махарај од Нетофа, 29Хелев, син на Баана, од Нетофа, Итај, син на Ривај од синовите Венијаминови во Гива, 30#1 Лет 11,31; 27,14Ванеја од Пиратон, Хидај од Нахале-Гааш. 31#1 Лет 11,32-33Ави-Алевон од Арава, Азмавет Бархумиецот, 32#1 Лет 11,34Елијахба од Шаалевон; од синовите на Јашен – Јонатан, 33#23,11Шама од Харар, Ахијам, син Шараров, 34#11,3; 15,12Елифелет, син Ахазбаев, син на еден човек од Маахат, Елијам, син на Ахитофела – Гилонецот. 35#1 Лет 11,37Хецрај од Кармил, Паарај од Арав, 36Јигал, Натанов син – од Цова, Ваниј од племето на Гад, 37Целек Амонецот, Нахарај Бееротеецот, оруженосец на Јоав, Саруев син, 38Ира Јитриецот, Гарев Јитриецот, 39#11,3.6Урија Хитиецот. Сѐ – триесет и седум.
Селектирано:
2 Самоилова 23: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006