Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 17

17
Кушиј му противречи на Ахитофеловиот совет
1Тогаш му кажа Ахитофел на Авесалом: „Ќе одберам дванаесет илјади души и ќе станам, ќе одам да го гонам оваа ноќ Давид; 2#16,14; 5 Мојс 25,18ќе го нападнам, кога ќе биде измо­рен и со отпуштени раце, и ќе му влеам страв; и сите луѓе што се со него ќе се разбегаат; и јас ќе го убијам само царот; 3и сите луѓе ќе ги свртам назад кон тебе како што невеста се врти кон својот маж. Ти ја бараш душата само на еден човек, а сиот народ ќе биде сми­рен.“ 4Му се допаднаа тие зборови на Аве­салом и на сите израелски старе­шини. 5#15,32-34; 16,16-19И Авесалом рече: „Повикајте го Кушиј Аркиецот; да чуеме што ќе рече тој.“ 6Дојде Кушиј при Авесалом, и Авесалом му рече, велејќи: „Еве што кажува Ахитофел; да постапам ли според зборовите негови? Ако, пак, не, кажи ти.“ 7А Кушиј му рече на Авесалом: „Овој пат не е добар советот што го дал Ахитофел. 8#Ос 13,8; Изреки 17,12Ти знаеш дека твојот татко и неговите луѓе се многу силни и раздразливи во нивните души, како меч­ка в поле, чии малечки се грабнати, и татко ти е маж воин; тој нема да ноќева со луѓето. 9Ете, тој сега се крие во некоја пештера или на друго место, и ако некој падне при првиот напад врз нив, и ако чујат и кажат: ‚разбиени се луѓето што тргнаа по Авесалом‘ 10#23,8-23тогаш и најхрабриот, чие срце е како лавовско срце, ќе падне со духот, зашто на сиот Израел му е познато, колку е храбар татко ти, и колку се јунаци оние што се со него. 11#1 Сам 3,20; 13,5; Ер 33,22Затоа јас советувам: нека се собере кај тебе сиот Израел, од Дан до Вирса­вија, во мноштво како песок крај морето, и ти самиот ќе тргнеш среде него; 12и тогаш ќе одиме против него, каде и да се наоѓа, и ќе го нападнеме, како што росата паѓа на земјата; и нема да му остане ни еден човек од сите оние што се со него; 13ако, пак, влезе во некој град, то­гаш сиот Израел ќе донесе во тој град јажи­ња, и ние ќе го завлечеме сѐ до реката, така што камче нема да остане таму.“ 14#15,31.34Тогаш рече Авесалом и сиот Изра­ел: „Советот на Кушиј е подобар од Ахитофеловиот совет.“ Така Гос­под пресуди да се осуети „добриот“ Ахито­фелов совет за да навлече Господ зло врз Авесалом.
Давид го преминува Јордан
15 # 15,27-28.35-36 И Кушиј им кажа на свеште­ниците, на Садок и на Авијатар: „Така и така Ахитофел го советува Авесалом и старешините израелски, јас, пак, посо­ветував вака и вака. 16#15,28И сега испратете гласници поскоро и кажете му на Давид така: да не оста­нува оваа ноќ на рамнината во пустината, и што поскоро да помине од онаа страна да не загине царот и сите луѓе што се со него.“ 17#15,27.36; 1 Цар 1,9Јонатан и Ахимаац чекаа кај Ен-Рогел. И отиде една слугинка, таа им раскажа, а тие отидоа и му јавија на царот Давид; зашто тие не можеа да се покажат во градот. 18#Ис.Н. 2,3-7; 1 Сам 19,13Ги виде едно момче и му јави на Авесалом; но тие двајцата брзо заминаа и отидоа во Бахурим, во куќата на еден човек, во чиј двор имаше бунар; тие се спуштија во него. 19А жената зеде, та простре врз отворот на бунарот покривка и насипа одозгора прекрупа, така што ништо не се забележуваше. 20Дојдоа Авесаломовите слуги во куќата при жената и запрашаа: „Каде се Ахимаац и Јонатан?“ А жената им одговори: „Отидоа накај реката.“ Тие ги бараа и не ги најдоа, и се вратија во Ерусалим. 21#17,15-16Откако си заминаа, оние излегоа од бунарот, отидоа и му јавија на царот Давид, велејќи му: „Станувајте и што поскоро преминувајте преку водата, зашто Ахитофел даде таков и таков совет за вас.“ 22Тогаш Давид стана и сите луѓе што беа со него, и го минаа Јордан; на разденување не остана ни еден што не го премина Јордан. 23#15,12; 2 Цар 20,1; Мт 27,5Ахитофел, кога виде дека него­виот совет не го послушаа, го оседла магарето, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, откако ги уреди домаш­ните, се обеси, умре, и го по­гребаа во татковиот му гроб.
Давид во Маханаим
24 # 2,8 Давид стигна во Маханаим, а Аве­салом го премина Јордан, тој и сиот Из­раел со него. 25#19,14; 20,9-12; 1 Лет; 2,13-17Наместо Јоав, Авесалом го поста­ви над војската Амаса. Амаса беше син на еден човек по име Јитра, од Јизреел, кој се ожени за Авигал, ќер­ка на Нахас, сестра на Саруја, Јоавова мајка. 26А Израел се смести во логорот со Авесалом во Галаадската земја. 27#9,4; 12,26.29; 19,32-33; 1 Цар 2,7Кога Давид стигна во Маханаим, Нахасовиот син Шовиј од Рава Амон­ска, и Махир, Амиеловиот син, од Ло-Девар, и Галаадчанецот Верзе­лиј од Рогелим, 28#16,1-2донесоа десет постели, десет чи­нии и земјани садови, жито и јачмен, браш­но и булгур, грав и леќа и пе­чени зрна, 29мед и масло, овчо и кравјо си­рење, – донесоа храна на Давид и на луѓето што беа со него; зашто тие си рекоа: народот е гладен и уморен и жедува во пустината.

Селектирано:

2 Самоилова 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се