Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 16:5-14

2 Самоилова 16:5-14 MK2006

Кога царот Давид стигна до Бахурим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Се­меј, син на Гера. Тој одеше и лошо збо­руваше, и фрлаше камења врз Давид и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот. Колнејќи го него, Семеј велеше: „Истави се, убиецу, и злосторнику! Господ ја сврте против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалом; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.“ Тогаш Авеса, синот на Саруја, му рече на царот: „Зошто овој мртов пес го колне царот, господарот мој? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.“ Царот рече: „Што ви е вам, сино­ви Саруеви? Оставете го нека колне, зашто Господ му заповедал да го колне Давид. И кој може да му каже: ‚Зошто правиш така?‘“ И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: „Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотолку повеќе може и еден Венија­минов син! Оставете го, нека колне, зашто Господ му заповедал; можеби, Господ ќе погледне милостиво кон мојата понизност, и ќе ми воздаде Господ добро за денеш­ното колнење!“ И одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, колне­ше и фрлаше камења и земја кон него. И стигна царот и сиот народ негов што беше со него, изморен, и таму си отпочинаа.