2 Самоилова 16
16
Давид и Сива
1 #
4,4; 9,1-13; 1 Сам 25,18 Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доаѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со две натоварени магариња со двесте лебови, сто мери суво грозје, сто низи смокви и еден мев со вино. 2#17,27-29Царот го праша Сива: „Зошто ти е тоа?“ Сива одговори: „Магарињата се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодовите – за храна на момците, а виното – за изнемоштените во пустината.“ 3#19,27-29Царот праша: „Каде е синот на господарот твој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‚токму сега домот Израелов ќе ми го врати татковото ми царство.‘“ 4И му кажа царот на Сива: „Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.“ А Сива одговори, поклонувајќи се: „Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар – цар!“
Семеј го проколнува Давид
5Кога царот Давид стигна до Бахурим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гера. Тој одеше и лошо зборуваше, 6и фрлаше камења врз Давид и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот. 7#21,1-9Колнејќи го него, Семеј велеше: „Истави се, убиецу, и злосторнику! 8Господ ја сврте против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалом; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.“ 9#19,22; 2 Мојс 22,27Тогаш Авеса, синот на Саруја, му рече на царот: „Зошто овој мртов пес го колне царот, господарот мој? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.“ 10#15,25-26; Рим 9,20; 1 Птр 2,23Царот рече: „Што ви е вам, синови Саруеви? Оставете го нека колне, зашто Господ му заповедал да го колне Давид. И кој може да му каже: ‚Зошто правиш така?‘“ 11И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: „Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотолку повеќе може и еден Венијаминов син! Оставете го, нека колне, зашто Господ му заповедал; 12можеби, Господ ќе погледне милостиво кон мојата понизност, и ќе ми воздаде Господ добро за денешното колнење!“ 13И одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, колнеше и фрлаше камења и земја кон него. 14И стигна царот и сиот народ негов што беше со него, изморен, и таму си отпочинаа.
Кушиј се здружува со Авесалом
15 #
15,37
Авесалом, пак, и сиот израелски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел. 16#1 Сам 10,24; 1 Цар 1,25.31.34.39Кога Кушиј, Давидовиот прв пријател, дојде кај Авесалом, му рече: „Да живее царот!“ 17И Авесалом му рече на Кушиј: „Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?“ 18#15,34Кушиј му одговори на Авесалом: „Не, јас ќе одам по оној што го избра Господ и оној народ и целиот Израел; со него сум и јас, и со него ќе останам. 19И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.“
Авесалом и Давидовите наложници
20 #
Суд 20,7
И Авесалом му рече на Ахитофел: „Дајте совет што да правиме.“ 21#15,16; 1 Сам 13,4Ахитофел му одговори на Авесалом: „Влези кај наложниците на татко ти што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израелци дека си станал омразен за таткото, и ќе им зацврстат рацете на сите што се со тебе.“ 22#12,11-12И поставија за Авесалом шатор на покривот, и Авесалом влезе кај наложниците на татко си пред очите на сиот Израел. 23А советите што ги даваше Ахитофел, во она време се сметаа, како кога некој би Го допрашувал Бога. Таков беше секој Ахитофелов совет како за Давид, така и за Авесалом.
Селектирано:
2 Самоилова 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006