Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 13

13
Амнон и Тамара
1 # 3,2-3; 1 Лет 3,1-2.9 Потоа се случи ова: Давидовиот син Авесалом имаше сестра уба­вица, по име Тамара, и Амнон, Давидо­виот син, се вљуби во неа. 2#1 Мојс 34,3И Амнон толку се мачеше што се разболе по сестра си Тамара зашто таа беше девица, и на Амнон му се виде дека ќе биде многу тешко да направи нешто со неа. 3Но Амнон имаше пријател, по име Јонадав, син на Шима, Давидов брат; а Јонадав беше многу итар човек. 4И тој му рече: „Зошто толку сла­бееш од ден на ден, царски сине, нема ли да ми кажеш?“ Амнон му одговори: „Јас ја сакам Тамара, сестрата на братот мој Авесалом.“ 5Јонадав му рече: „Легни на леглото свое и направи се болен; и кога ќе дојде татко ти да те види, кажи му: Нека дојде сестра ми Тамара и да ми даде да јадам, и да зготви пред мои очи јадење, да го видам и да јадам од нејзините раце.“ 6Амнон легна и се направи болен, и царот дојде да го види; Амнон тогаш му рече на царот: „Нека дојде сестра ми Тамара и да приготви пред мои очи две слатки питки, та да каснам од рацете нејзини.“ 7Давид испрати човек во куќата да ѝ каже на Тамара: „Оди во куќата на братот свој Амнон и зготви му јадење.“ 8Таа отиде во куќата на својот брат Амнон, а тој лежеше. Таа зеде брашно, замеси, приготви питки пред неговите очи и ги испече; 9ја зеде тавата и ги стави пред него, но тој не сакаше да јаде. Тогаш рече Амнон: „Нека излезат сите што се покрај мене.“ И излегоа сите луѓе што беа покрај него. 10И Амнон ѝ кажа на Тамара: „Однеси го јадењето во внатрешната соба, и јас ќе каснам од твоите раце.“ Тамара ги зеде питките што ги беше приготвила, и му ги однесе на брата си Амнон во внатрешната соба. 11#1 Мојс 39,7А кога таа му стави да јаде, тој ја фати и ѝ рече: „Дојди легни со мене, сестро.“ 12#1 Мојс 34,7; 37,8-9; 3 Мојс 20,17; 5 Мојс 22,21; Суд 19,23-24Но таа рече: „Не, брате, немој да ме обесчестиш, зашто така не се постапува во Израел; не прави го тоа безумство. 13Па јас каде ќе одам со бесчестието свое? И ти ќе бидеш безумник во Изра­ел; разговарај со царот; тој нема да откаже да ме даде за тебе.“ 14#1 Мојс 34,2-7; 35,22; 5 Мојс 22,25Но тој не сакаше да ги слуша нејзините зборови; ја совлада и легна со неа. 15Потоа Амнон ја замрази многу, така што омразата негова спрема неа беше посилна од љубовта што ја имаше кон неа; и Амнон ѝ рече: „Стани, оди си!“ 16А Тамара му рече: „Не, брате, да ме избркаш е поголемо зло од првото што ми го направи.“ Но тој не сакаше да ја слуша. 17И го повика момчето што му слугуваше, па му рече: „Истерај ја оваа надвор и заклучи ја вратата по неа.“ 18Таа носеше шарена облека, бидејќи такви горни облеки носеа царските ќерки – девици. Слугата ја изведе надвор и ја заклучи вратата по неа. 19#1,2; 1 Сам 4,12; Ис 63,1; Ер 2,37; Ест 4,1.3Тамара си ја посипа главата своја со пепел, ја раскина својата шарена облека, со која беше облечена, ги стави рацете свои на главата своја, и така одеше и викаше. 20А брат ѝ Авесалом ѝ рече: „Нели Амнон, братот мој, беше со тебе? Но сега молчи, сестро; тој ти е брат; не го кини срцето свое заради таа работа.“ И Тамара живееше самотно во домот на братот свој Авесалом. 21Царот Давид слушна за сето тоа и силно се разгневи. 22#3 Мојс 19,17-18Авесалом, пак, не му рече на Ам­нон ни лошо ни добро; тој го намрази Амнон, поради тоа што ја обесчести сестра му Тамара.
Авесалом наредува да го убијат Амнон и побегнува
23 # 1 Мојс 38,12; 1 Сам 25,2 По две години имаше стрижба на овци кај Авесалом во Ваал-Асор, близу до Ефрем и Авесалом ги повика сите царски синови. 24И дојде Авесалом кај царот и рече: „Ете, кај твојот слуга денес има стриж­ба на овци, нека појде царот и слугите негови со твојот слуга.“ 25Но царот му рече на Авесалом: „Не, синко, нема да дојдеме сите за да не ти додеваме.“ И Авесалом го молеше многу; но тој не сакаше да оди и го благослови. 26Тогаш Авесалом му рече: „Нека дојде со нас барем братот мој Амнон.“ А царот му рече: „Зошто да дојде со тебе?“ 27Но Авесалом го убеди и тој го пушти со него Амнон и сите царски си­нови. 28#3 Мојс 20,17Авесалом им заповеда на момците свои, велејќи им: „Гледајте, кога ќе се развесели срцето на Амнон од виното, и кога јас ќе ви кажам: удрете го Амнон, тогаш убијте го, не плашете се; тоа јас ви заповедам, бидете смели и храбри.“ 29Авесаломовите слуги направија со Амнон, како што им заповеда Аве­са­лом. Тогаш станаа сите царски синови, се качи секој на маската своја и избегаа. 30Кога тие беа уште на пат, дојде глас до Давид дека Авесалом ги убил сите царски синови, и дека од нив не останал ниеден. 31#1,11Тогаш царот стана, ја раскина облеката своја, и се фрли на земјата, и сите слуги негови што стоеја крај него, ги раскинаа своите облеки. 32#13,3Но Јонадав, синот на Шима, Дави­дов брат, рече: „Да не мисли господарот мој дека сите момци, царски синови се убиени: само Амнон е убиен, зашто Авесалом ја имаше таа мисла од денот, кога Амнон ја обесчести сестрата негова; 33поради тоа, мојот господар, царот, нека не се обеспокојува од мислата дека сите царски синови умреле; умре само Амнон.“ 34#18,24А Авесалом избега. Момчето што стоеше на стража, ги крена очите и виде: ете, многу народ врви по патот низ надолнината. 35Тогаш Јонадав му рече на царот: „Тоа се царските синови, кои доаѓаат; како што кажа твојот слуга, така навистина станало.“ 36И штом го изговори тоа, ете, пристигнаа царските синови и фатија да плачат. Па и царот и сите слуги негови плачеа многу силно. 37#3,3; 14,23.32; 15,8; 1 Лет 3,2Авесалом, пак, избега и отиде кај Талмај, синот на Гесурскиот цар Ами­худ. И царот Давид плачеше за синот свој за сето време. 38Авесалом избега, дојде во Гесур и таму престојуваше три години. 39#1 Мојс 24,67; 37,35; 38,12И царот Давид престана да го гони Авесалом, зашто се утеши поради смртта на Амнон.

Селектирано:

2 Самоилова 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се