Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 12:7-14

2 Самоилова 12:7-14 MK2006

Тогаш Натан му кажа на Давид: „Ти си оној човек што го изврши тоа. Така говори Господ, Бог Израелов: ‚Јас те помазав за цар над Израел, те спасив од рацете Саулови, ти го дадов домот на твојот господар и жените на господарот твој во твоја прегратка, ти го дадов домот Израелов и Јудин и, ако ти е тоа малку, би ти придал уште повеќе; а ти зошто го презре зборот на Господ, извршувајќи зло пред очите Негови? Урија Хитиецот го нападна со меч, жената негова ја зеде за своја же­на, а него го уби со мечот на Амонците; затоа мечот нема никогаш да се оттргне од твојот дом засекогаш, бидејќи ти Ме презре и ја зеде жената на Хитиецот Урија за да биде твоја жена.‘ Така говори Господ: ‚Ете, јас ќе подигнам зло против твојот дом, ќе ги земам твоите жени пред очите твои и ќе ги дадам на ближниот твој, и тој ќе спие со твоите жени под ова сонце; ти го изврши тоа тајно, Јас, пак, ќе го извршам пред целиот Израел среде бел ден.‘“ Тогаш Давид му рече на Натан: „Згрешив пред Господ.“ А Натан му кажа на Давид: „И Господ го симна од тебе гревот твој; ти нема да умреш; но бидејќи со тоа им даде повод на непријателите Господови да Го хулат, затоа синот што ти се роди, ќе умре.“