По една година, во времето кога царевите излегуваа во војна, Давид го испрати Јоав и слугите свои со него и сите Израелци; и тие ги нападнаа Амонците и ја опколија Рава; а Давид остана во Ерусалим. Еднаш приквечер, откако стана од своето легло, Давид се шеташе по покривот на својот царски дом свој и од покривот виде една жена, која се капеше; а жената беше многу убава. Давид испрати да дознаат, која е таа жена? Му рекоа: „Тоа е Витсавеја, Елијамова ќерка, жена на Хитиецот Урија.“ Давид испрати слуги да ја земат; и таа дојде кај него, и тој спиеше со неа. А кога таа се исчисти од својата нечистотија, се врати во домот свој. Жената остана бремена и испрати гласници да му јават на Давид и да кажат: „Бремена сум.“
Прочитај 2 Самоилова 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 11:1-5
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа