2 Самоилова 1
1
Давид дознава за смртта на Саул
1 #
1 Сам 30,17.26; 31,6 По Сауловата смрт, кога Давид се врати по разбивањето на Амаликијците и престојуваше во Циклаг два дена, 2#1 Сам 4,12ете, на третиот ден доаѓа човек од Сауловиот логор; облеката му е испокината и на главата има прав. Штом дојде кај Давид, падна на земја и му се поклони. 3И Давид го праша: „Од каде доаѓаш?“ Тој одговори: „Избегав од израелскиот логор.“ 4Давид го праша: „Што стана? Раскажи ми.“ А тој одговори: „Народот се разбега од битката, и многу народ падна и изумре; умреа и Саул и синот негов Јонатан.“ 5Давид го праша момчето што му раскажуваше: „Од каде знаеш дека Саул и синот негов Јонатан умреле?“ 6#Суд 9,54; 1 Сам 31,2-5А момчето што му раскажуваше, рече: „Јас случајно отидов на планината Гелвуја, и ете, Саул падна врз копјето свое, а колите и коњаниците го стигнаа. 7Тогаш тој се сврте назад и, откако ме виде, ми викна. 8И јас реков: ‚Еве ме.‘ Тој ме праша: ‚Кој си ти?‘ Јас му одговорив: ‚Јас сум Амаликиец.‘ 9Тогаш тој ми рече: ‚Дојди кај мене и убиј ме, зашто смртна тага ме опфатила, но душата моја сѐ уште е во мене.‘ 10И јас се приближив до него и го убив, бидејќи знаев дека тој нема да остане жив по паѓањето свое; и го зедов царскиот венец што беше на главата негова, и гривната што беше на раката негова, и ги донесов тука на господарот свој.“ 11#3,31; 13,31Тогаш Давид се фати за облеката своја и ја раскина, исто така и сите луѓе што беа со него, 12#1 Сам 15,32-35; 25,1; 28,3; 31,13и липаа, и плачеа и постеа до вечерта за Саул и за синот негов Јонатан, и за народот Господов и за домот Израелов, поради тоа што беа загинале од меч. 13#1,8Давид, пак, го запраша момчето што му раскажуваше: „Ти од каде си?“ А тој му одговори: „Јас сум син на еден придојден Амаликиец.“ 14#1 Сам 24,7; 26,9Тогаш Давид му рече: „Како не се исплаши да кренеш рака за да убиеш помазаник Господов?“ 15#4,10.12И Давид повика еден од момците и му рече: „Дојди и убиј го!“ И оној го уби, и тој умре. 16#1,10; 3,28-29И Давид му рече: „Твојата крв нека биде врз главата твоја, бидејќи твојата уста сведочеше против тебе, кога велеше: ‚Го убив помазаникот Господов.‘“
Тажењето на Давид по Саул и Јонатан
17 #
2 Лет 35,25
Потоа Давид го оплака Саул и синот негов Јонатан со оваа оплакувачка песна, 18#Ис.Н. 10,13заповедајќи им на синовите Јудини да ја научат, како што таа е запишана во Книгата на Праведникот, и рече: 19#1,25.27„Твојата слава, о Израеле, падна врз твоите височини! Како паднаа израелските јунаци! 20#1 Сам 18,6; 31,4.9; Мих 1,10Не раскажувајте во Гет, не разгласувајте по улиците на Ашкелон, да не се радуваат ќерките филистејски, да не ликуваат ќерките на необрезаните. 21#1 Сам 31,1; Јов 3,3-9Гори Гелвујски, да не падне на вас ни роса, ни дожд! И вашите ниви да бидат без плод, зашто таму е фрлен штитот на Саул, како да не беше тој помазан со масло. 22#1 Сам 18,4; Ис 34,6Без крв од ранети, без мрс од силни, лакот Јонатанов не се враќаше назад, ниту мечот Саулов се враќаше празен. 23Саул и Јонатан, сакани и сложни во животот свој, не се разделија ни во смртта своја; тие беа побрзи од орлите, посилни од лавовите. 24Ќерки Израелови, плачете за Саул, кој ве облекуваше во пурпурна облека со украси и ги китеше со златни накити облеките ваши! 25#1,19.27О, како паднаа силните во борбата! Загина Јонатан на твоите височини. 26#1 Сам 18,1-4Жалам за тебе, брате Јонатане; ти ми беше многу мил; твојата љубов за мене беше поголема од женската љубов. 27#1,19.25Како паднаа силните, како загина бојното оружје!“
Селектирано:
2 Самоилова 1: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006