Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 8:7-15

2 Царевите 8:7-15 MK2006

И дојде Елисеј во Дамаск, кога ара­мејскиот цар Венадад беше болен. Му јавија на Венадад и рекоа: „Тука дојде Божјиот човек.“ Тогаш царот му рече на Азаил: „Земи дар и оди, пречекај го Божјиот човек и прашај Го преку него Господа, велејќи: ‚ќе оздравам ли од оваа болест?‘“ Азаил отиде да го пречека и зеде дар и сѐ што е најдобро во Дамаск, колку што можат да носат четирие­сет ками­ли, па отиде и застана пред лицето не­гово и му рече: „Твојот покорен слуга Венадад, арамејскиот цар, ме испрати кај тебе да прашам: ‚ќе оздравам ли од оваа болест?‘“ Елисеј му одговори: „Оди и кажи му: ќе оздравиш. Меѓутоа, Господ му јави дека тој ќе умре.“ И Елисеј го задржа својот поглед, и упорно гледаше во него, додека оној не се збуни. И тогаш Божјиот човек заплака. И Азаил праша: „Зошто плаче господарот мој?“ А тој одговори: „За­тоа што знам, какво зло ќе им напра­виш на Израеловите синови: тврдините нивни на оган ќе ги предадеш, момците нивни со меч ќе ги погубиш, доен­чињата нивни ќе ги убиеш и нивните бремени жени ќе ги расечеш.“ И му рече Азаил: „Што е твојот слуга? Дали имам некаква власт та да можам да направам така страшни работи?“ Елисеј му одговори: „Господ ми го покажа во тебе царот на Арам.“ Тој си отиде од Елисеј и дојде кај господарот свој. И тој го праша: „Што ти зборуваше Елисеј?“ Тој одговори: „Ми кажа дека ќе оздравиш.“ На другиот ден, меѓутоа, Азаил ја зеде покривката, ја натопи во вода и ја стави врз лицето негово, и царот умре. И на негово место стана цар Азаил.