Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 8

8
Враќање на жената од Сунем
1 # 1 Мојс 41,27; Рута 1,1 И ѝ рече Елисеј на жената, чиј син го беше оживеал: „Стани и оди, ти и твоето семејство и насели се таму, каде што можеш да поживееш, зашто Господ повика глад, и тој ќе трае во оваа земја седум години.“ 2Стана таа жена, и постапи според зборот на Божјиот човек: отиде таа и нејзиното семејство, и живееше во филистејската земја седум години. 3Откако изминаа седум години, се врати таа жена од филистејската земја и дојде да го моли царот за куќата своја и нивата своја. 4#4,12.25; 5,20-27Царот тогаш разговараше со Гиезиј, слугата на Божјиот човек, и му рече: „Раскажи ми ги сите големи дела што ги извршил Елисеј.“ 5А во тоа време, кога тој му раска­жуваше на царот дека Елисеј оживеал еден умрен, – жената, чиј син беше ожи­веан, го молеше царот за куќата своја, и нивата своја. Тогаш Гиезиј рече: „Гос­подаре мој, царе, таа е истата жена и овој е истиот син нејзин, кого Елисеј го оживеа.“ 6Царот ја праша жената, и таа му раскажа. И ѝ даде царот еден дворјанин и рече: „Да ѝ се врати сѐ што е нејзино и сите приходи од нивата, од оној ден, кога ја напуштила земјата, досега.“
Елисеј и Азаил
7И дојде Елисеј во Дамаск, кога ара­мејскиот цар Венадад беше болен. Му јавија на Венадад и рекоа: „Тука дојде Божјиот човек.“ 8#3,11; 2 Мојс 18,15; 1 Сам 9,9; 1 Цар 19,15; 22,8Тогаш царот му рече на Азаил: „Земи дар и оди, пречекај го Божјиот човек и прашај Го преку него Господа, велејќи: ‚ќе оздравам ли од оваа болест?‘“ 9Азаил отиде да го пречека и зеде дар и сѐ што е најдобро во Дамаск, колку што можат да носат четирие­сет ками­ли, па отиде и застана пред лицето не­гово и му рече: „Твојот покорен слуга Венадад, арамејскиот цар, ме испрати кај тебе да прашам: ‚ќе оздравам ли од оваа болест?‘“ 10Елисеј му одговори: „Оди и кажи му: ќе оздравиш. Меѓутоа, Господ му јави дека тој ќе умре.“ 11И Елисеј го задржа својот поглед, и упорно гледаше во него, додека оној не се збуни. И тогаш Божјиот човек заплака. 12#10,32-33; 12,18; 13,3-7.22; Ер 4,16-20; 13,17; 14,17; Лк; 19,41-44И Азаил праша: „Зошто плаче господарот мој?“ А тој одговори: „За­тоа што знам, какво зло ќе им напра­виш на Израеловите синови: тврдините нивни на оган ќе ги предадеш, момците нивни со меч ќе ги погубиш, доен­чињата нивни ќе ги убиеш и нивните бремени жени ќе ги расечеш.“ 13#1 Цар 19,15И му рече Азаил: „Што е твојот слуга? Дали имам некаква власт та да можам да направам така страшни работи?“ Елисеј му одговори: „Господ ми го покажа во тебе царот на Арам.“ 14Тој си отиде од Елисеј и дојде кај господарот свој. И тој го праша: „Што ти зборуваше Елисеј?“ Тој одговори: „Ми кажа дека ќе оздравиш.“ 15На другиот ден, меѓутоа, Азаил ја зеде покривката, ја натопи во вода и ја стави врз лицето негово, и царот умре. И на негово место стана цар Азаил.
Јорам, цар на Јудеја
(2 Лет 21,2-20)
16По јудејскиот цар Јосафат, стана цар Јорам, синот на Јосафат, во петтата година од царувањето на Ахавовиот син Јорам, царот израелски. 17Тој беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше осум години во Ерусалим; 18#1 Цар 16,30-33; 21,25; 22,53и одеше по патот на израелските цареви, онака како што постапуваше Ахавовиот дом, бидејќи Ахавовата ќер­ка му беше жена. Таа правеше зло пред очите на Господ. 19#1 Цар 11,32; Пс 18,1; 36,1; 89,4.21; 132,10Но, Господ не сакаше да го погуби Јуда, заради својот слуга Давид, зашто Тој беше ветил дека ќе му даде светило – нему и на неговите синови за сите времиња. 20#1 Мојс 27,40Во неговите дни Едом се измолкна од раката на Јуда и си постави цар. 21#1 Цар 8,66; 12,16И Јорам отиде во Цаир, со сите негови бојни коли. Тој се крена во една ноќ и ги нападна Едомците што го оп­колуваа, и заповедниците на колите, но народот избега во шато­рите свои. 22Сепак, се спаси Едом од раката на Јуда до ден денес. Во исто време дигна бунт и Ливна. 23Другото за Јорам и сѐ што из­вршил, е опишано во летописите на ју­дејските цареви. 24И почина Јорам кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во Давидовиот град. А место него стана цар неговиот син Охозија. 25Охозија, синот на јудејскиот цар Јорам, стана цар во дванаесеттата година од владеењето на Ахавовиот син Јорам, израелскиот цар.
Охозија, цар на Јудеја
(2 Лет 22,1-6)
26Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше една го­дина во Ерусалим. А мајка му се викаше Готолија, ќерка на израелскиот цар Амвриј. 27Тој одеше по патот на Ахавовиот дом и го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, онака, како и Ахавовиот дом, зашто беше во роднинство со Ахавовиот дом. 28Тој отиде со Ахавовиот син Јорам во војна против арамејскиот цар Азаил во Рамот Галаадски, и Арамеј­ците го ранија Јорам. 29И царот Јорам се врати да се лекува во Јизреел од раните што му ги нанесоа Арамејците во Рамот, кога војуваше против арамејскиот цар Азаил. И Охозија, синот на Јорам, јудејски цар, дојде да го посети Аха­вовиот син Јорам во Јизреел, бидејќи беше болен.

Селектирано:

2 Царевите 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се