Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 5

5
Лепрозниот Нааман оздравува
1 # 3 Мојс 13,2; Лк 4,27 Нааман, војсководецот на арамејскиот цар, беше голем човек пред господарот свој и почитуван, зашто преку него Господ им беше дал победа над Арамејците; и тој човек кој беше одличен војник, беше лепрозен. 2Еднаш Арамејците излегоа во чети и запленија од израелската земја едно мало девојче, и тоа ѝ служеше на Наа­мановата жена. 3Таа ѝ рече на господарката своја: „О, да отидеше мојот господар кај пророкот, кој е во Самарија, тој ќе ја симнеше од него лепрата.“ 4Тогаш Нааман отиде и му го кажа тоа на господарот свој, велејќи: „Така и така вели девојчето што е од израелската земја.“ 5И арамејскиот цар му рече на Нааман: „Стани, оди, јас пак, ќе ис­пратам писмо до израелскиот цар.“ Тој отиде, земајќи со себе десет кикари сребро, шест илјади шекели злато и десет промени облека; 6и му го однесе на израелскиот цар писмото, во кое се велеше: „Заедно со ова писмо, ете, го испраќам кај тебе Нааман, мојот слуга, да ја симнеш од него лепрата негова.“ 7#2,12; 19,1; 5 Мојс 32,39; 1 Сам 2,6; Ос 6,1; Пс 30,2-3; Јов 5,18Израелскиот цар, откако го прочита писмото, ја раскина облеката своја и рече: „Зар сум јас Бог да умртвувам и да оживувам, та испраќа кај мене да ја симнам од овој човек лепрата негова? Ете, знаете сега и гледајте дека тој бара повод за непријателство против мене.“ 8Кога Божјиот човек Елисеј слушна дека израелскиот цар ја раскинал облеката своја, испрати да му речат на царот: „Зошто ја раскина облеката сво­ја? Нека дојде кај мене и нека познае дека има пророк во Израел.“ 9И дојде Нааман со коњите свои и со колите свои и застана пред влезот на Елисеевиот дом. 10Тогаш Елисеј го испрати кај него слугата свој да му каже: „Оди, искапи се седумпати во Јордан, и телото твое ќе се обнови, и ќе бидеш чист.“ 11Се разгневи Нааман и си тргна, велејќи: „Ете, јас мислев дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господ, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата; 12зарем дамаските реки Авана и Парпар не се подобри од сите израел­ски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?“ Па се сврте и си отиде налутен. 13Му се доближија слугите негови и му рекоа, велејќи: „Татко, да ти кажеше пророкот да направиш нешто потешко, немаше ли да го направиш. А камо ли сега, кога ти рече само: искапи се, и ќе бидеш чист!“ 14Тој отиде и се потопи во Јордан седумпати, според зборовите на Божји­от човек, и телото му се обнови како тело на мало дете и се исчисти. 15#1 Цар 8,60Тогаш се врати кај Божјиот човек, тој и сите придружници него­ви, дојде, застана пред него и рече: „Еве, познав дека по целата земја нема Бог, освен во Израел; прими, пак сега дар од твојот слуга.“ 16Елисеј одговори: „Се колнам во живиот Господ, пред чие лице стојам! Нема да го примам.“ Оној го принудуваше да земе, но тој не се согласи. 17#10,18-27; 1 Кор 8И рече Нааман: „Штом е така, нека му дадат на твојот слуга земја, колку што можат да носат две маски, зашто во иднина слугата твој нема да принесува сепаленици и жртви на други богови, освен на Господ; 18само, еве што да му прости Гос­под на слугата твој: кога мојот господар оди во храмот на Римон за да се поклони таму и се потпре врз раката моја, и јас се поклонам во домот на Римон, тогаш Господ да му прости на слугата твој за поклонувањето мое во домот на Римон.“ 19А тој му рече: „Оди си со мир!“ И тој отиде од него и прилично се од­далечи.
Престапот на Гиезиј
20Тогаш Гиезиј, слугата на Божјиот човек Елисеј рече: „Ете, мојот господар не сакаше да го земе од раката на тој Арамеец Нааман, она што го беше донел. Се колнам во Господ! Ќе потр­чам по него и ќе земам нешто од него.“ 21И потрча Гиезиј по Нааман. Наа­ман виде дека некој трча по него, слезе од колата да го пресретне и рече: „Дали си со мир?“ 22Тој одговори: „Со мир сум; мојот господар ме испрати да кажам: ете, сега дојдоа кај мене од Ефремовата Гора две момчиња од пророчките синови; дај ми еден кикар сребро и две промени облека.“ 23И Нааман рече: „Земи, ако сакаш, два кикара.“ И многу го молеше. Тогаш тој заврза два кикара сребро во две торби и две промени облека и им ги даде на двајцата слуги свои, та ги понесоа пред него. 24Кога тој дојде до брегот, ги зеде од рацете нивни и ги сокри во домот свој. И ги отпушти луѓето, и тие си отидоа. 25#17,5; 18,27; 25,3; 1 Цар 20,1Кога дојде и се јави пред господарот свој, Елисеј го праша: „Од каде доаѓаш, Гиезиј?“ Тој одговори: „Никаде не одел слугата твој.“ 26Тој му рече: „Зарем срцето мое не те придружуваше, кога оној човек се врати од колата своја да те пресретне? Време ли е да се земе сребро и да се зе­ма облека, или маслинови дрвја и лозја, ситен или крупен добиток, слуги или слугинки? 27#15,5; 2 Мојс 4,6-7Затоа, Наамановата лепра нека се залепи на тебе и на потомството твое засекогаш.“ И тој излезе од него бел како снег од лепрата.

Селектирано:

2 Царевите 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се