А Елисеј се врати во Гилгал. Во таа земја имаше глад, и синовите пророчки седеа пред него. И тој му кажа на слугата свој: „Стави го големиот котел и свари леќа за пророчките синови.“ И излезе еден од нив во полето да собира треви. Најде еден корен од дива лоза, и набра од неа полн скут диви плодови, се врати и ги стави во котелот со леќа, зашто не ги познаваше. Им поставија да јадат. Но штом почнаа да ја јадат леќата, извикаа и велеа: „Смрт има во котелот, човеку Божји!“ И не можеа да јадат. А тој рече: „Дајте брашно!“ И го истури во котелот и му рече на Гиезиј: „Стави им на луѓето, нека јадат.“ И во котелот не остана ништо отровно. Дојде еден човек од Ваал-Шалиша и му донесе на Божјиот човек леб од првите плодови – дваесет јачмени лепчиња и млади зрна во класови. И рече Елисеј: „Дај им на луѓето да јадат.“ И рече слугата негов: „Како да го поставам тоа пред сто луѓе?“ А тој рече: „Дај им на луѓето, нека јадат, зашто така вели Господ: ќе се наситат, и ќе остане.“ Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Господово.
Прочитај 2 Царевите 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 4:38-44
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа