Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 22

22
Јошија, цар на Јудеја
(2 Лет 34,8-18)
1 # 1 Цар 13,2; Ер 3,6 Јошија беше на осум години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим триесет и една година; мајка му се викаше Једида, ќерка на Адаја, од Боцкат. 2Тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ, во сѐ одеше по патот на неговиот предок Давид и не се отклонуваше ни десно, ни лево. 3#12,11-16Кога беше на осумнаесет години, царот Јошија го испрати писарот Сафан, син на Ацалија, Мешуламовиот син, во домот на Господ, ве­лејќи: 4„Оди кај првосвештеникот Хелки­ја, нека го земе среброто донесено во до­мот на Господ што го собраа од чувари­те на портите, 5и нека го дадат во рацете на распоредниците, поставени кај храмот Господов, а тие да го потрошат за ра­ботниците во домот Господов за поп­равка на штетите во домот: 6на дрводелците, на каменоресците, на ѕидарите и за купување дрва и делкани камења за поправка на храмот; 7но да не се бара од нив сметка за среброто, предадено во рацете нивни, бидејќи тие постапуваат чесно.“ 8#5 Мојс 28,61И му кажа првосвештеникот Хел­кија на писарот Сафан: „Јас ја најдов во домот Господов книгата на законот.“ И Хелкија му ја подаде книгата на Сафан, и тој ја читаше. 9Дојде писарот Сафан кај царот и му донесе на царот одговор, велејќи: „Тво­ите слуги го зедоа среброто, најдено во домот, и го предадоа во рацете на распоредниците, поставени кај домот Господов.“ 10Писарот Сафан му соопшти уште на царот и рече: „Една книга ми даде свештеникот Хелкија.“ И Сафан ја читаше пред царот.
Јошија ја прашува за совет пророчицата Хулда
(2 Лет 34,19-28)
11 # 2,12; 19,1; 1 Мојс 37,29; Суд 11,35; Езд 9,6 Кога царот ги чу зборовите од книгата на законот, ја раскина облеката своја. 12Тогаш царот заповеда на свеш­теникот Хелкија, на Ахикам, Сафа­нов син, на Ахбор, син на Михаја, на пи­сарот Сафан и на царскиот слуга Асаја, велејќи: 13„Одете, прашајте Го Господа за мене, за народот и за цела Јудеја во врска со зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов што се разгорел против нас, поради тоа што нашите татковци не ги послушаа зборо­вите на таа книга за да постапуваат според она што ни е заповедано во неа.“ 14#1 Сам 9,6; 1 Цар 14,5; 22,7-8; Ер 21,2И отиде свештеникот Хелкија со Ахикам, Ахбор, Сафан и Асаја кај про­рочицата Хулда, жена на одеждо­чуварот Селум, син на Тиква, Хархасов син – а таа живееше во Ерусалим, во вториот дел, – и зборуваа со неа. 15А таа им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚кажете му на човекот што ве испрати кај Мене: 16вака вели Господ: ќе испратам зло во тоа место и врз жителите негови – како што е напишано во книгата што ја прочита јудејскиот цар. 17Поради тоа што Ме оставија и кадат на други богови за да Ме предизвикуваат со сите работи на рацете свои, се разгневи гневот Мој против тоа место, и нема да угасне.‘ 18А на јудејскиот цар што ве испра­тил да Го прашате Господа, кажете му: – вака вели Господ, Бог Израелов, за зборовите што ги чу: 19#1 Цар 21,29‚поради тоа што смекна срцето твое, и ти се смири пред Господ, откако го чу ова што Јас го изреков против тоа место и против жителите негови дека тие ќе бидат за ужас и проклетство, и ти ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, Јас те чув – вели Господ. 20Поради тоа, еве, Јас ќе те приберам кај татковците твои, и ќе бидеш ставен во гробницата своја во мир, и твоите очи нема да ги видат сите тие зла што ќе ги испратам во тоа место.‘“ И му донесоа на царот одговор.

Селектирано:

2 Царевите 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се