Кога минаа, Илија му рече на Елисеј: „Барај, што сакаш да ти направам, пред да бидам вознесен пред тебе.“ Елисеј одговори: „Духот, кој е во тебе, да биде двојно во мене.“ А тој рече: „Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ќе бидам вознесен пред тебе, така ќе ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде.“ Додека тие одеа и си разговараа по патот, наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се вознесе во виорот кон небото. А Елисеј гледаше и извика: „Татко мој, татко мој, коло Израелова и негова коњица!“ И веќе не го виде. Па ја фати облеката своја, и ја раскина на две парчиња. И го крена тој кожувот на Илија што беше паднал од него, па се врати и се запре крај брегот на Јордан; го зеде кожувот на Илија, што беше паднал од него, удри со него по водата, и рече: „Каде е Господ, Бог Илиев? Тој Самиот?“ И удри по водата, а таа се раздели на две страни, и Елисеј помина. И го видоа оддалеку синовите пророкови што беа во Ерихон и рекоа: „Илиевиот дух слезе врз Елисеј.“ Му излегоа во пресрет и му се поклонија до земја.
Прочитај 2 Царевите 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Царевите 2:9-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа