Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 2:1-6

2 Царевите 2:1-6 MK2006

Во она време, кога Господ сакаше да го вознесе Илија на небото во виор, Илија со Елисеј доаѓаше од Гилгал. И му рече Илија на Елисеј: „Оста­ни тука, зашто Господ ме испраќа во Ветил.“ Но Елисеј рече: „Се колнам во живиот Господ и во животот на твојата душа! Нема да те оставам.“ И отидоа во Ветил. И излегоа кај Елисеј синовите пророчки што беа во Ветил, и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Господ ќе го вознесе твојот господар над гла­вата твоја!“ Тој одговори: „И јас знам, молчете.“ И му рече Илија: „Елисеј, остани тука, зашто Господ ме испраќа во Ерихон.“ А тој рече: „Се колнам во жи­виот Господ и во твојата жива душа! Нема да те оставам.“ И дојдоа во Ерихон. Тогаш се приближија синовите про­рочки што беа во Ерихон, и му рекоа: „Знаеш ли дека денес Господ го зема твојот господар и ќе го вознесе над главата твоја?“ Тој одговори: „И јас знам, молчете.“ Пак му рече Илија на Елисеј: „Остани тука, зашто Господ ме испраќа накај Јордан.“ А тој рече: „Се колнам во живиот Господ и во твојата жива душа! Нема да те оставам.“ И тргнаа обајцата.